Правила и услови за користење

Ве молиме, внимателно да ги прочитате условите и одредбите содржани во овој документ бидејќи со секоја употреба на оваа веб-продавница се подразбира Вашата согласност за прифаќање на условите и на правилата за употреба што се наведени во овој документ. Термините употребени на оваа веб-страница: „Ние“, „Нас“, „Наше“ и „Марвел“ , се однесуваат на компанијата Марвел Салес.

Овие Услови на употреба се обновени на 01.04.2021

Сите цени во оваа web-продавница се конечни на денот на нарачката и во нив веќе е вклучен ДДВ. Сите цени се изразени во денари.

Нарачаните производи што во моментот се на залиха ќе ви бидат испорачани во период од 2-5 дена, на домашна адреса или во локалната пошта. Трошоците за испорака се на товар на нарачателот во случај кога вкупната сума на нарачката не преминува 2.000 МКД. За нарачки во висина поголема од 2.000 МКД испораката е бесплатна.

По комплетирањето на нарачката, ќе добиете e-mail порака за потврда, која ќе ги содржи сите детали за нарачката.

Купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет во рок од 10 дена од денот на нарачка со случај производот да не одговара во однос на формата, тежината, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини.
Замената се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и сметко потврдата.

Производите нарачани во оваа web-продавница ќе Ви бидат испорачани преку ЈП „Македонски Пошта“„ или преку некоја од нашите партнерски компании за курирска достава. Нарачаните производи ќе Ви бидат испорачани во период од 2-5 дена од денот на нарачувањето.

Полиса за заштита на приватноста на веб-страницата

Сите лични информации или материјали испратени на веб-страницата marwell.mk подлежат на полисата за заштита и приватност на лични податоци на Марвел, кои се наведени во известувањеto за заштита на приватноста Политика на приватност.

Точност, целосност и навременост на информациите

Марвел нема одговорност за неточни или нецелосни информации објавени на оваа веб-страница. Сите информации и материјали добиени преку оваа веб-страница ги употребувате и ги прифаќате на сопствен ризик. Се согласувате дека е Ваша одговорност да ги следите сите промени на материјали и информации содржани на оваа веб-страница.

Право на интелектуална сопственост

Марвел ги поседува сите авторски и други права на интелектуална сопственост над сите текстови, слики и други материјали содржани на оваа веб-страница или поседува дозвола од релевантен сопственик.
Дозволено ви е да ја пребарувате веб-страницата, да ја отпечатите содржината или да ја зачувате на хард-диск, како и за дистрибуција до други поединци, под услов да ги зачувате сите авторски и други права на сопственост, како и заштитниот жиг на сопственикот.
Ниеден дел од оваа веб-страница не смее да се продава или да се дистрибуира за комерцијални цели ниту, пак, смее да се модифицира или да биде инкорпориран за друг бизнис, издавање или веб-страница.
Стоковните жигови, логоата, знаците и услужните жигови (заедно „Стоковни жигови“) прикажани на оваа веб-страница, припаѓаат на Марвел или на релевантен сопственик. Ништо што е прикажано на оваа веб-страница не смее да се толкува како дозвола за употреба на кој било жиг прикажан на оваа веб-страница.
Секоја Ваша употреба/злоупотреба на Стоковните жигови прикажани на оваа страница или на која било друга содржина на веб-страницата е строго забранета. Исто така, Марвел ќе го употреби законското право на интелектуална сопственост во целост, вклучувајќи и казнена тужба за сериозни прекршоци.

Линкови на други веб-страници

Линковите се дадени во доверба и Марвел не се смета одговорна за каква било дополнителна промена на другите веб-страници за кои има дадено линкови. Приклучувањето кон линкови на други веб-страници не значи потврда од Марвел.
Ви препорачуваме да бидете внимателни и со голема сосредоточеност да ги прочитате законските известувања за приватноста на другите веб-страници што ги посетувате.

Гаранција и одрекување

Употребата на оваа веб-страница е исклучително на Ваша сопствена одговорност.

Гаранција

Оваа веб-страница ви е овозможена врз база „достапност“ па оттаму, Марвел не дава никаква гаранција, било изразена, индиректна, легална или друга, вклучувајќи ја и гаранцијата дека прикажаниот материјал на оваа веб-страница е целосен, точен, сигурен, навремен и дека не ù штети на третата страна;
Ние го задржуваме правото за ограничување или за укинување на пристапот на оваа веб-страница или на кој било дел во било кој временски интервал.

Одговорност

Марвел не прифаќа одговорност за каква било загуба предизвикана од вируси што може да го заразат вашиот компјутер или која било друга сопственост преку употреба, пристап или преземање на каков било материјал од оваа веб-страница. Доколку одлучите да го преземете материјалот од оваа веб-страница, го правите тоа на сопствена одговорност.

Недозволени дејства

Недозволени дејства се оние што Марвел ги смета за несоодветни и/или кои ќе се оценуваат како незаконски чин или се забранети со кој било закон за примена на оваа веб-страница, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:
Секој чин што претставува кршење на приватноста (вклучувајќи објавување приватни информации без лична дозвола) или кои било други права на поединецот.
Употреба на оваа веб-страница за клевета или за обвинување на Марвел, нејзините вработени, други поединци или слично однесување што го загрозува угледот на Марвел.
Додавање дадотеки што содржат вируси може да предизвика штета на сопственоста на Марвел или на сопственоста на поединецот.
Вие и Марвел се согласувате дека кој било спор или тужба поврзана со употребата на оваа веб-страница ќе биде во надлежност на судот на Република Македонија.

„Cookies“

Марвел користи колачиња. Повеќе информации погледнете го делот Политика на приватност.

Амандман на правниот коментар

Го задржуваме правото на измена и корекции на ова известување. Ве молиме да пристапувате на оваа веб-продавница одвреме-навреме за да имате преглед на новите информации.