Marwell е единство на врвен квалитет, удобност, модерен дизајн и прифатливи цени. Со следење на потребите и желбите на потрошувачите, грижата за вработените, инвестирање во технологија и истражување и одговорно однесување кон нашата заедница, Marwell ве носи на чекор поблиску до чувството на благосостојба со достапни и корисни обувки.
 
Oбувките на Marwell гарантираат природни материјали, патентирана влошка од мемори пена, уикатен и препознатлив дезен на кожа, помал отпор и мекост при чекорење, елиминирање на непријатна миризба, чувство на удобност, чувство на привлечност, чувство на задоволство.
Недалеку од срцето на градот Штип ќе наидете на нашата фабрика за чевли, вистински рај за нежните женски стапала.
 
 
Оваа убава приказна за трудот на вработените во штипското претприемничко претпријатие „МарЕваМар“ започна 2005 година, со формирање на вреден тим на вработени, чиј број денес достигнува до 150 вработени, преку процесот на т.н. лон производство и соработка со бројни светски брендови како: LLoyd, Armani, Candice Cooper, Kate Spade и др.