Начин на одржување на marweLL чевлите

Обувките од обработена кожа и обувките од велур кожа треба да се чистат со различни производи и методи. Чистете ги на секои 3 месеци (или најмалку на 6 месеци). Прочитајте повеќе подолу за да дознаете како да ги чистите вашите кожени обувки на правилен начин, за да им обезбедите поголема трајност.
Увидете дали станува збор за обработена кожа или велур. Таа информација треба да ја содржи декларацијата за обувките (во/на кутијата за обувки).

Чистење на обработена кожа:
kondura

 

 

 

 

 

 

 

Слика: Обувки од (обработена) кожа
1. Отстранете ја нечистотијата (прав, дамки) со мека четка.
cetka

 

 

 

 

 

 

 

 

Слика: Мека четка за кожа

2. Избришете ги обувките по целата површина со чиста, сува (памучна) ткаенина.
3. Идеалното средство за чистење на т.н. обработена кожа е т.н. сапун за седла (saddle soap) кој содржи глицерин, ланолин и пчелин восок, кој ја штити кожата. Притоа, сувата крпа треба да ја триете на сапунот за да добиете пена, а потоа со пената да ја премачкате кожената обувка. Во отсуство на сапун за седла, може да примените боја или крема за кожени обувки (ги има во повеќето супермаркети), соодветна со бојата на кожата на обувките. Во тој случај, нанесете ја кремата со мека крпа и оставете ја да се исуши 2-3 минути. Потоа со чиста крпа или мека четка, чистете ја чевлата додека да го добиете посакуваниот сјај.

vosocna krema

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Слика: т.н. сапун за седла (восочна крема)

4. Оставете ги обувките еден ден да се исушат на отворен простор, но не во близина на грејно тело или на сончева светлина, бидејќи може да се случи кожата да напукне или да се оштети бојата.

Чистење на велур (антилопа, камошо) кожа:

velur kondura
1. Употребете гума за бришење (на молив) за отстанување на видливи гребнатинки и дамки на површината на обувките.
2. Најдобаро средство за чистење на велур кожа е специјалната четка за велур, која содржи тенки метални жици или е изработена од силикон. Четкајте ги обувките со специјалната четка за велур, само во еден ист правец.

cetka za velurcetka za velur2
Слика: Четка за велур кожа                                  Слика: Четка за велур кожа

3. Во случај кога велурот е намокрен, отстранете го вишокот на вода (течност) со хартиена крпа. Потоа, оставете ги обувките да се исушат по природен пат. На крај, исчеткајте ги со специјалната четка за велур, во еден ист правец.
4. Во случај кога на обувките од велур има дамки од масло, нанесете талк пудер (пудер за бебиња) на дамката и втријте го. Потоа, оставете да се исуши неколку часа. На крај, исчеткајте го со специјалната четка за велуп кожа.

talk pudra

Слика: Талк пудер
5. На крај, нанесете спреј на база на силикон на обуките, за да бидат водоотпорни. Ова би требало да се направи веднаш по купување на обувките, како и да се повтори пред носење во соодветната сезона.
6. Оставете ги обувките еден ден да се исушат на отворен простор, но не во близина на грејно тело или на сончева светлина, бидејќи може да се случи да се оштети бојата на кожата.
На овој начин, вашите кожени обувки ќе траат подолго и ќе го зачуваат изгледот на нови обувки.

Средства кои ви се потребни за чистење на кожени обувки:
• Мека четка;
• Мека (памучна) ткаенина или крпа;
• Крема (боја) за чевли;
• Сапун за седла;
• Специјална четка за велур кожа;
• Гума за бришење;
• Талк пудер;
• Спреј на база на силикон.

Ова е демо продавница. - Во моментов не се можни нарачки преку интернет.