marweLL

Недалеку од срцето на градот Штип ќе наидете на нашата фабрика за чевли, вистински рај за нежните женски стапала.
Оваа убава приказна за трудот на вработените во штипското претприемничко претпријатие „МарЕваМар“ започна 2005 година, кога госпоѓата Ева Марјанова, како резултат на нејзиното долгогодишно искуство во чевларската индустрија, реши да создаде своја приказна и отвори сопствено претпријатие. Претпријатието започна со формирање на вреден тим на вработени, чиј број денес достигнува до 150 вработени, преку процесот на т.н. лон производство и соработка со бројни светски брендови како: LLoyd, Armani, Candice Cooper, Kate Spade и др.
Ваквата соработка создаде неизмерно богатство за претпријатието, бидејќи значеше искуство и континуирано учење од мајсторите на чевларството, каде не постои компромис со квалитетот и каде решавањето на проблемите во производството е креативен процес на заеднички идеи.
Континуираниот раст на претпријатието бараше постојано следење на индустријата и пазарот на чевли, како на домашниот така и на странските пазари. Понекогаш од сопствената потреба, а честопати и од потребата на блиските луѓе од околината, се наметна прашањето за расположливост на квалитетни производи на домашниот пазар, особено оние од домашно потекло. Дополнителното истражување на пазарот и потребите на жената при исполнување на нејзините секојдневни улоги на студент, работник, мајка, сопруга, девојка, другарка,… ни покажаа постојна пазарна можност за развој на високо – квалитетен домашен бренд „marweLL” кој на пазарот се нуди по прифатливи цени.

Кога размислувавме за „новиот почеток“, една од клучните идеи беше „marweLL” да биде достапен до секоја жена која ќе почувствува потреба за квалитетни, удобни чевли кои покрај задолжителната функционалност, ќе се разликуваат и по модерниот дизајн и нивната привлечност.
Оваа насока за развој ја избравме поради нашата можност да го понудиме високиот квалитет во потполноста на неговото значење – квалитет како задоволство на потрошувачот, а не само отсуство на грешка. Кога мислиме на задоволството на потрошувачот, мислиме на добра размена и понуда на одлична вредност, бидејќи во кога нашиот потрошувач ги вложува своите пари, време, енергија и доверба во нас, единственото што го заслужува за возврат е чувство на благосостојба и задоволство.
Новиот почеток, покрај развојот на „marweLL”, за нас значи и задолжително приближување кон нашиот краен потрошувач преку процесот на сопствена малопродажба, бидејќи само директниот контакт со потрошувачите, прифаќањето на нивните идеи, предлози и размислувања, може да овозможи напредок и раст на претпријатието, нашите вработени и нас самите како личности и претприемачи.
Голем поттик во нашиот развоен процес имавме од луѓето од нашата околина кои го познаваат нашиот начин на работа, што ни овозможи голема самодоверба и одлучно чекорење напред. Сега, тие чекорат со „marweLL”.

marweLL

p1
p2_s

Квалитет
Кога ќе се спојат горништето и ѓонот, слободно можете да кажете – имаме чевли! Создавањето на пар квалитетни и модерни чевли е своевидна магија – магија на креативноста, но тука нема посебна тајна, освен тоа што… Оние кои добро ја познаваат работата, ќе Ви кажат дека едноставно мора да се придржувате до одредени правила, односно до основите на струката.
Според тоа, обувките пред сѐ мора да бидат функционални, а со денешните брзо – минливи трендови, функционалноста некако падна на второ место. Честопати анатомијата на калапот според кој се правени чевлите нема допирни точки со анатомијата на нашето стапало. Обувките треба да бидат направени примарно за движење/одење. Естетиката доаѓа на ред само откако ќе се задоволи првиот неопходен критериум.

Во „marweLL” постои и една многу важна просторија, но која не е наменета за чевли. Затоа пак, е полна со фотографии, скенови, шаблони и други податоци собрани за женските стапала и соодветните чевли…

Начинот на производство на квалитетен пар MARWELL обувки гарантира:
– Природни материјали,
– Патентирана влошка од мемори пена,
– Уникатен и препознатлив дезен на кожа,
– Помал отпор и мекост при чекорење,
– Елиминирање на непријатна миризба,
– Чувство на удобност,
– Чувство на привлечност,
– Чувство на задоволство,
– Подобар ден.

Технологија
Ако прифатите дека производот е најсилниот медиум на бизнисот, тогаш, деловната стратегија во основа е планирање на производот.
Технологијата е добредојдена и неопходна, особено во процесот на производство. Денес мора да располагате со современа технологија ако сакате оваа работа да биде економски исплатлива. Нашата фабрика располага со машини за финализирање на производ со висока додадена вредност. Сепак, дел од нашите производи се рачна изработка во онаа традиционална смисла, а задоволувањето на желбите на нашите потрошувачи резултира и во уникати.
Во производството, како исклучително значаен го сметаме процесот на тестирање на квалитетот со задолжителна проба на секој прототип и негово максимално детално прилагодување кон стандардите за квалитет, имајќи ја предвид потребата за непрекината удобност на нежното женско стапало.
Една од нашите конкурентски предности се и компонентите кои ги вградуваме во финалниот производ. Недостатокот од развиена домашна придружна индустрија за компоненти и репроматеријали го наметнува изборот за увоз на истите. Учејќи постојано од најдобрите, сфативме дека бескомпромисната понуда на постојано висок квалитет значи набавка на суровини и репроматеријали од италијанско потекло.
Нашиот производ ќе го познаете по сјајот, мекоста и уникатноста на кожата и нејзиниот дезен, по 100% кожената постава, како и единствената влошка сочинета од кожа и мека мемори пена, која е сочинета од патентиран материјал т.н. порон, кој штити и го ублажува отпорот при чекорењето, едновремено правејќи ги обувките исклучително меки и удобни за стапалото.

Ова е демо продавница. - Во моментов не се можни нарачки преку интернет.